Ердоган го пречека Путин на отворањето на гасоводот „Турски тек“

Ердоган и Путин Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT OFFICE

Ердоган во Конресниот центар Халич го дочека Путин кој во Истанбул допатува за да присуствува на церемонијата и пуштањето во употреба дел од делницата на гасоводот.

Започна состанокот на преседателот на Русија, Владимир Путин, со неговиот колега од Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод отворањето на гасоводот „Турски тек“ во Истанбул.

Ердоган во Конресниот центар Халич го дочека Путин кој во Истанбул допатува за да присуствува на церемонијата и пуштањето во употреба дел од делницата на гасоводот, пренесе „Анадолија“.

На церемонијата пристигна и бугарскиот претседател Бојко Борисов.

Пристигане в Истанбул, където ще участвам в церемонията по откриването на газопровода „Турски поток“

Publiée par Boyko Borissov sur Mercredi 8 janvier 2020

Градежниот процес на гасоводот „Турски тек”, што се состои од две линии од 935 километри кои се протегаат од рускиот град Анапа до турскиот град Кијиќој, е завршен. Компресорската станица „Рускаја”, која се наоѓа во Анапа, и терминалот „Кијиќој”, исто така, се завршени, информира агенцијата.

Гасоводот „Турски тек”, кој директно ќе го пренесува рускиот гас во Турција, од 31 декември 2019 година е подготвен за проток.

Секоја линија на гасоводот „Турски тек” одделно има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, што претставува вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија, што има ист капацитет, гасот ќе се пренесува во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот