Ердоган ги поздрави најавите на западните амбасади со кои отстапуваат од барањето да се ослободи Кавала

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги поздрави изјавите на западните амбасади, во кои се наведува дека тие се придржуваат кон дипломатската конвенција која не се меша во внатрешните работи на земјата домаќин.

Изјавите беа дадени откако Ердоган му издаде наредба на турското Министерство за надворешни работи да ги протера десетмината западни амбасадори кои изразиле поддршка и побараа ослободување на турскиот активист Осман Кавала.

Ердоган во текот на викендот им наредил амбасадорите да бидат прогласени за „персона нон грата“, бидејќи тие побараа ослободување на бизнисменот Осман Кавала, кој беше приведен пред четири години под обвинение за финансирање протести и учество во неуспешниот државен удар во 2016 година.

Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/ SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Повикувајќи се на извори од претседателството, агенцијата Анадолија наведе дека Ердоган ги поздравил најавите што амбасадите на САД, Канада, Холандија и Нов Зеланд ги објавија на Твитер, а подоцна беа ретвитувани од Шведска, Норвешка и Данска.

Инаку, демонстрацијата на сила од страна на турскиот претседател Ердоган да бара да ги протера амбасадорите на 10 држави меѓу кои и на САД, Франција и Германија, дојде до осуда од овие НАТО земји сојузнички на Турција.

Стејт Департмент САД/ Фото Архива на Слободен Печат

Вашингтон ја повика Анкара да ги разјасни наредбите на Ердоган дадени за прогласување „персона нон грата“ на амбасадори на 10 држави меѓу кои и протерување на американскиот амбасадор во Анкара.

На американскиот Стејт департмент претходно му се приклучи и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, и ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција.

Потегот на Ердоган доаѓа во исто време кога Русија се повлече од заедничкото надзорно тело за соработка со НАТО, откако алијансата протера 8 члена на рускиот тим под образложение дека се руски шпиони.

Потегот на Ердоган се толкува дека Анкара и Москва имаат блиски односи во заедничкото делување против одредени интереси на САД. Турција, иако членка на НАТО, сепак има одредени забелешки кон политиката што ја водат САД и ЕУ.

epa08688283 A Russian S-400 surface-to-air missile system

Подолго време Анкара бара безвизен режим за турските граѓани во земјите на ЕУ. Тензиите на релација Анкара-Вашингтон-Брисел дополнително ескалираа откако Турција и покрај противењето на своите НАТО сојузници започна со набавка на руско оружје пред се противракетните системи С-400 и  С- 500.

Борбен авион / Фото: EPA/Valda Kalnina

Поради оваа набавка САД запреа со испораката на борбените авиони ф-35, за кои Анкара обвини дека се платени, но дека Вашингтон не сака да им ги испорача.

Видео на денот