Ердоган ги покани Путин и Зеленски во Турција да ги решат проблемите

Фото Колаж на СП/ ЕПА

Турција е подготвена да претстави платформа за преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека Ердоган ги покани Путин и Зеленски да дојдат во Турција и да се сретнат за да ги решат проблемите и разликите, пишува Ројтерс.

– Турција е подготвена да направи се што може за да ги намали тензиите меѓу Русија и Украина, посочи Калин.

Тој додаде дека Ердоган има намера да ја посети Украина во следните недели, но дека Анкара ќе биде во близок контакт со Русија, со цел да се избегне каква било воена акција која би имала сериозни последици.

Западот тврди дека Русија подготвува напад врз Украина, додека Москва ги отфрли тие обвинувања и посочува дека тие служат како изговор за распоредување на воена опрема и сили на НАТО во близина на руските граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот