Ердоган ги обвини Русија, САД и Франција за снабдување на Ерменија со оружје

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Русија, САД и Франција ја снабдуваат Ерменија со оружје.

– Ерменија повторно го прекрши прекинот на огнот. Минската група на ОБСЕ, која се состои од Русија, САД и Франција, и даваат на Ерменија целосна поддршка со оружје. Тие се на страната на Ерменија, истакна Ердоган.

По започнувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, поради Нагорно-Карабах, Ерменија прогласи воена состојба и, првпат, општа мобилизација, обвинувајќи ја Анкара дека активно го поддржува Баку. Во Азербејџан беше воведена делумна мобилизација, а на некои места воена состојба.

Лидерите на Русија, САД и Франција ги повикаа спротивставените страни да ги прекинат судирите и да започнат преговори без предуслови.

Прочитајте и...  Власта и опозицијата не отстапуваат од ставовите во дебатата за ребалансот на Буџетот

Поврзани вести

ВИДЕО: НОВИ ДЕТАЛИ – Напаѓачот што Франција ја обви во црно пристигна со воз од Италија со документ на Црвен крст

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Шеријатската сопруга на озлогалсениот ИСИС-овец Лавдрим Мухаџери се исповеда пред јавноста

Илинка Иљоска

„Маската на Меркел е кинески фејк“: Експертите тврдат дека еден детал недостасува

Слободен печат

ВИДЕО: Парите тука често паѓаат од небо: Кинез фрлал банкноти од зграда, но брзо бил уапсен поради мотивот

Слободен печат

Над 45 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Успешно оперирана циста на матка тешка 90 килограми – хирурзите од ГАК и го спасија животот на 45-годишна жена

Слободен печат

Остави Коментар