Ердоган: Единствено решение за Кипар е создавање на две држави

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор околу Кипар е воспоставување на две држави на островот.

Тој додаде и дека федерацијата за која се залага Атина нема да биде тема на претстоечките разговори кои се во посредство на Обединетите нации.

Лидерите на Грција и Кипар во понеделникот рекоа дека ќе прифатат само мировен договор за Кипар на основа на резолуцијата на ОН и ја отфрлија формулата за две држави на која инсистираат Турција и кипарските Турци, пренесува Ројтерс.

Ердоган на поддржувачите од својата партија им рекол дека не може да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и покрај продолжувањето на разговорите меѓу Грција и Турција за споровите во Медитеранот. Ердоган рекол дека Мицотакис го „предизвикал“ и му порачал дека треба да ги „знае своите граници“.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот