Ердоган: Договорот за жито беше продолжен поради „специјалниот однос“ на Турција со Путин, во односите со Русија треба да се примени балансиран пристап

Путин и Ердоган во Сочи/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOVSPUTNIK/KREMLIN

Двомесечното продолжување на договорот за жито беше овозможено поради „специјалниот однос“ на Турција со рускиот претседател Владимир Путин, изјави шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен.

Турскиот претседател пред два дена соопшти дека договорот за извоз на жито преку Црното Море е продолжен за уште два месеци.

Тој за Си-Ен-Ен посочи дека во односите со земји како Русија треба да се примени балансиран пристап, а Западот не го прави тоа. Според Ердоган, таквиот пристап би бил поуспешен.

Еве, на пример: иницијативата за Црното Море. Ги земаме предвид не само потребите на западните, туку и на африканските земји. Оваа иницијатива беше продолжена за два месеци. Како ова стана возможно? Тоа се реализираше благодарение на нашиот посебен однос со претседателот Путин, нагласи Ердоган.

Турскиот лидер, исто така, изјави дека планира да соработува со американскиот претседател Џо Бајден доколку победи во вториот круг од претседателските избори, закажани за 28 мај.

„Без сомнение, ќе работам со господинот Бајден“, рече Ердоган одговарајќи на прашање на Си-Ен-Ен.

Турскиот лидер, исто така, нагласи дека доколку Бајден се повлече од функцијата претседател на САД, „тој ќе соработува со кој и да го замени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот