Ердоган до ЕУ: Ќе ги отворам „портите” кон ЕУ за сириските бегалци ако сметате дека вршиме инвазија во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори портите” за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.

– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија – изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.

– Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци, нагласи Ердоган. Тој додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот