Ердоган безгрижен: Санкции? Трамп не ми кажа ништо!

Тој изјави дека нема забележано индиции за време на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе и воведе санкции на Анкара поради купувањето на руските ракетни одбрамбени системи „S-400“.

Како што пренесува Ројтерс, САД предупредија дека ќе воведат санкции против Турција доколку продолжи со договорот околу купувањето на „S-400“, но Анкара не наведе дека ќе се откаже и досега ги отфрла овие предупредувања, но може да се забележи напнатост меѓу двата НАТО сојузници.

Во изјавата за новинарите во Анкара, пред да замине на самитот на Г20 во Јапонија, Ердоган рече дека ќе разговара за ова прашање со Трамп повторно на маргините од тој собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот