„ЕрБнБ“ го тужи градот Њујорк

ЕрБНБ / Фото EPA-EFE/MATTIA SEDDA

„ЕрБнБ“ го тужи Њујорк поради ограничувањата за краткорочно изнајмување, во правен спор што ги спротивставува грижите на компанијата за нејзината способност да работи на клучниот пазар наспроти напорите на градот да се справи со кризата со достапни станови.

Технолошката компанија со седиште во Сан Франциско го тужеше Њујорк поради Законот за регистрација на краткорочно изнајмување, локална уредба донесена во 2022 година која треба да стапи на сила следниот месец. Законот бара краткорочните домаќини во градот да се регистрираат во канцеларијата на градоначалникот, да откријат кој друг живее на локацијата и да се согласат да ги почитуваат другите градски закони.

Тужбата е најновиот пример на судири на „EрБнБ” со претставници на државата Њујорк во изминатата деценија. Иако „ЕрБнБ” тврди дека нејзината услуга може да биде финансиски благодет за домаќините, обезбедувајќи економски придобивки за заедниците, критичарите изразија загриженост дека услугата ризикува да ја ограничи достапноста на станови.

Портпаролот на канцеларијата на градоначалникот рече дека нивната цел е „да ја заштитат безбедноста и животната средина за жителите, да го зачуваат постојаниот станбен фонд и да обезбедат угостителскиот сектор да продолжи да закрепнува и да напредува“.

Извештајот, објавен минатиот месец, покажа дека просечниот трошок за изнајмување стан во квартот Менхетен изнесувал 4.241 долар во април – 8% зголемување од претходната година и нов рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот