„Еразмус плус“ програмата за млади оваа година нуди посебни можности за средношколци и студенти

Европската комисија одлучи 2022 година да биде година на младите. Тоа значи дека многу семинари, настани и изложби кои се поврзани со младите, оваа година ќе бидат ставени на пиадестал, рече денеска во Утрински брифинг, директорот на „Еразмус плус“ програмата Марко Ѓорѓиевски.

– Во име на Националната агенција Еразмус плус ги повикувам сите училишта и организации да се логираат на Европскиот младински портал каде што на европско ниво во моментов има над 3.000 настани. Младинските организации треба да бидат што е можно повидливи за што ќе им помогнеме и ние како Национална агенција. Институциите се тие кои треба да аплицираат, односно училиштата, високо образовните установи и градинките, а од друга страна може да аплицираат и младинските организации. Доколку станува збор за училишта, институцијата треба да го добие грантот а потоа да спроведе транспарентен јавен повик, објаснува Ѓорѓиевски.

Најголем дел од буџетот на Еразмус плус програмата завршува во викообразовните институции.

– Од 2014 до 2020 година над 2.200 студенти од Македонија ја искористиле програмата Еразмус плус, додека само во 2021 година оваа програма ја искористија околу 600 студенти. Оваа програма дава голем придонес во развојот на еден млад човек, како на професионален, така и на приватен план. Постои можност за соработка и со мали партнерства, каде што на нашите млади им е потребен само еден партнер од програмските држави од Европа со кој ќе напишат проект и ќе можат да аплицираат. Исто така може да аплицираат и неформални групи од пет млади луѓе кои ќе напишат проект. Самата Еразмус програма има четири приоритети, тоа се зелена агенда и борба против климатски промени, дигитализација, инклузија и разновидност и учество на младите во демократскиот живот, додаде Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот