Ер Србија оствари РЕКОРДНИ РЕЗУЛТАТИ за месец октомври

Фото: Фејсбук

Ер Србија продолжи со исклучително добрите оперативни резултати од летната сезона и во октомври, кој до сега традиционално важеше за месец со помал интензитет на сообраќај. Вкупно биле транспортирани 240.696 патници што е за 13,37 отсто повеќе во однос на 212.314 транспортирани во октомври минатата година и што е воедно и најдобар резултат за овој месец од започнувањето со работа на компанијата.

Исклучително добри резултати биле остварени и во чартер сообраќајот каде чартер брендот Авиолет транспортирал за 30,13 отсто повеќе патници во однос на октомври минатата година. Авионите на националната авио-компанија за време на минатиот месец летале за дури 45 дестинации од Белград и 12 од Ниш, споредени со 37 дестинации од српската престолнина од каде сообраќале во истиот период минатата година.

– Многу сме задоволни со постигнатите резултати и уверени сме дека истиот тренд ќе продолжи и во наредниот период. Новите дестинации, покренати во јуни како резултат на внимателно стратешко планирање, се покажаа како прав потег кој генерираше значаен пораст. Нас не радува и тоа што со остварените резултати во голема мера допринесовме за растот на аеродромот „Никола Тесла“, кој во третиот квартал на 2019 година изнесува скоро 10 отсто“, изјавил генералниот директор на Ер Србија Данкан Нејсмит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот