Ер Србија нуди попуст за 40 дестинации до 5 февруари

Ер Србија/ Фото: МИА

Ер Србија од денеска до 5 февруари нуди авио билети по намалени цени за повеќе од 40 дестинации во регионот и Европа. Најевтините билети може да се купат по почетна цена од 39 по правец, за патување од 1 февруари до 1 април, објави српската авиокомпанија.

Ер Србија нуди попусти за 40 дестинации до 5 февруари Авио билетите за Бања Лука, Барселона, Атина, Тиват, Подгорица, Загреб, Солун, Букурешт, Скопје, Софија, Тирана, Сараево, Љубљана, Малта и Будимпешта може да се купат по цена од 39 евра по правец. Билетите за Рим, Штутгарт, Осло, Копенхаген, Стокхолм, Болоња, Нирнберг, Хановер, Дизелдорф, Венеција, Милано, Ларнака, Бари се достапни по цена од 49 евра.

Можете да летате до Салцбург, Лион, Цирих, Брисел, Виена, Прага, Мадрид, Валенсија, Истанбул, Анкара, Берлин, Малага, Франкфурт, Париз, Амстердам по цена од 59 евра, а за почетна цена од 79 евра, вие може да лета и до Лондон, пишува порталот Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот