Епстајн од затворот нарачувал женски гаќички!

Порталот Мајами Хералд дошол до записи на кои е забележано што сè Џефри Епстајн (66) купувал додека 13 месеци поминал во затворот на Флорида.

Според записникот, Епстајн од 30 јуни 2008 до 22 јули 2009 потрошил околу 2000 американски долари на 800 шолји кафе, седум шишиња шампон, 22 пасти за заби и стотина чоколади.

Извештајот на шерифот на округот Палм Бич открил дека педофилот купил два пара мали женски гаќи со големина 5 додека бил во затвор.

Непознато е зошто Епстајн ги купил женските гаќички со оглед на тоа што биле премали за тој да ги облече. Уште поголема мистерија е како затворските службеници му допуштиле да купи женска долна облека, со оглед на обвиненијата поради кои бил во затвор.

Според записите, на Епстајн му било допуштено да ја напушти ќелијата и да патува со автомобил каде што ќе посака.

Сè укажува на тоа дека тој во затворот имал посебен третман и дури и дека уживал додека бил таму.

Главниот државен обвинител побарал оставка од надзорникот на сојузниот затвор поради, како што рекол „сериозни неправилности“ во затворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот