Епското финале од Вимблдон помеѓу Ѓоковиќ и Федерер е најдобро во историјата

Поранешните грен слем шампиони, Борис Бекер и Стефан Едберг се согласни дека ланското финале на Вимблдон е нешто најдобро што го видел тенисот.

Едберг и Бекер кои заедно освоија пет титули на Вимблдон, во разговор за подкастот на Евроспорт „Tennis legends podcast“ зборуваа на најдобрите финалиња на Вимблдон во историјата.

Во конкуренција беа три финални дуели, ланскиот помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, финалето од 1980 година помеѓу Бјорн Борг и Џон Мекинро и финалето од 2008 година помеѓу Федерер и Рафаел Надал.

Интересно е што Едберг и Бекер беа тренери токму на Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Швеѓанецот работеше со Федерер од 2013 до 2015 година, додека Бекер и Ѓоковиќ соработуваа од 2013 до 2016 година.
Бекер смета дека во ланското финале Ѓоковиќ бил фаворит, додека Рожер играл подобро.

– Имав среќа да го коментирам тоа финале кое траеше повеќе од четири часа. Ми се чинеше дека Ѓоковиќ е фаворит бидејќи Рожер имаше тежок полуфинален дуел со Надал, а за време на финалето беше многу топло. Рожер играше подобро, беше подобар, но, сепак загуби. И двајцата играа на ниво кое дотогаш го немав видено и тоа за мене и најдоброто финале во историјата – вели Бекер.

И Едберг е согласен со некогашниот голем ривал.
– Беше неверојатно, како што кажа Бекер тоа беше најдобрата борба на двајца тенисери која ја имам гледано и тоа од првиот па се до последниот поен. Лично, жал ми е за Рожер бидејќи мислам дека беше подобар, ги имаше тие 40:15 и две меч топки и не очекувате дека ќе загуби во таква позиција. Пријател сум со Рожер и е тешко да го гледам како гуни, но мора да му се честита на Новак. По прикажаниот квалитет тоа беше нешто најдобро што го имам видено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот