ЕПП: До крајот на годината ќе ја исклучиме партијата на Орбан

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Доналд Туск соопшти дека таа политичка групација до крајот на годината, од своите редови ќе ја исклучи партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во разговор за германски „Дер Шпигел”, Туск рече дека унгарскиот закон за вонредна состојба можеби не е спорен од правен апсект, но дека „нема никаква врска со духот на демократија”.

– Колку пати во историјата сме сведочеле дека политичари се користат со закони за да ги прошират своите овластувања? Во Германија тоа ви е познато, рече Туск за германскиот весник, пренсува Хина.

Европската унија упати критики до Унгарија поради авторитарниот одговор на пандемијата на коронавирусот. Парламентот во Будимпрешта, каде мнозинство има Фидес, кон крајот на март изгласа закони кои на Владата и даваат исклучителни овластувања. Со тие закони му се дава можност на Орбан да владее преку уредби без временско ограничување, а законот предвидува и високи затворски казни за сите лица за кои ќе се оцени дека го попречуваат спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот или шират лажни информации.

Туск не прецизираше кога ќе биде следната средба на ЕПП, но навести дека тоа би можело да се случи во септември.

– А тогаш ќе биде време за носење одлуки, потенцираше Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот