„Епл“ се соочува со тешкотии во испораките на Ајфон поради коронавирусот

Фото Архива

Технолошкиот гигант „Епл” предупредува дека се соочува со „тешкотии во испораките на Ајфон” поради затворањето на голем број фабрики во Кина како дел од карантинот против „Ковид-19″, објави „Гардијан”.

Компанијата со седиште во Калифорнија ги предупреди своите акционери и инвеститори дека нема да можат да генерираат очекувани приходи од 63 до 67 милијарди долари овој квартал.

Причината е „привремени ограничувања со снабдување” за делови за Ајфон, како и остар пад на купувачите во Кина, каде десетици милиони не можат да одат во продавници.

„Епл” издаде само предупредување без да ги ревидира очекуваните приходи од новата ситуација.

Според компанијата, „животот се враќа во нормалниот ритам во Кина, но тој е побавен отколку што очекува”.

Затоа „Епл” објави невообичаено широк распон на проценети од приходи од 63 до 67 милијарди, бидејќи не е познато колку ќе трае кризата во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот