Епл највреден светски бренд според Форбс

Вкупната вредност на 100 најскапи марки е 2,54 билиони долари. Повеќе од 50 се американски компании, 10 се од Германија, девет од Франција, од Јапонија – шест и од Швајцарија – пет.

Според најновата листа на Форбс највредни светски брендови, на првото место, како и минатата година се најде Епл, чија вредност се проценува на 241,2 милијарди долари.

Гугл е на второ место со вредност од 207,5 милијарди долари, а меѓу првите пет се и Мајкрософт (162,9 милијарди долари), Амазон (135,4 милијарди долари) и Фејсбук (70,3 милијарди долари).

На листата помеѓу првите десет се наоѓа и Кока-Кола, Дизни, Самсунг, Луј Витон и МекДоналдс.

Минатата година меѓу првите десет беше и Тојота, но компанијата годинава загуби седум проценти од вредноста и сега е на 11. место. Додека Фејсбук и Самсунг годинава изгубија 21 односно пет отсто од вредноста.

Значителен раст на вредноста на брендот остварија Шанел (42 проценти), Амазон (40), Мајкрософт (30) и ПајПел (24 отсто).

Вкупната вредност на 100 најскапи марки е 2,54 билиони долари. Повеќе од 50 се американски компании, 10 се од Германија, девет од Франција, од Јапонија – шест и од Швајцарија – пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот