„Епл“ на удар во Калифорнија: Шефот за безбедност под обвинение за поткуп на полицајци со ајпади

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Глобалниот директор за безбедност на „Епл“, Томас Моер е обвинет дека нудел поткуп за неговите безбедносни тимови да добијат лиценци за носење оружје. Обвинението вчера го поднесе големата порота во Калифорнија, а во него се наведува дека Мојер понудил мито вредно 70.000 долари во форма на Ајпади.

„Би-Би-Си“ наведува дека „Епл“ сè уште се нема огласено во врска со случајот.

Шерифот, Рик Сунг и капетанот Џејмс Џенсон од округот Санта Клара, пак, се обвинети за барање на мито за издавање на дозволи за огнено оружје. Според државните закони, носењето оружје без дозвола е кривично дело.

Округот Санта Клара соопшти дека Сунг го одложил издавањето дозволи за оружје на безбедносниот тим на „Епл“ се додека Моер не се согласи да донира производи во вредност од 70. 000 американски долари за канцеларијата на шерифот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот