Епл го ажурираше софтверот за Ајфон 12, откако Франција ја забрани продажбата поради прекумерно зрачење

Ајфон 12 / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француските регулатори добија нов софтвер за Ајфон 12, чија продажба е привремено прекината поради прекумерно ниво на зрачење, изјави извор од француското Министерството за дигитални науки.

Американската технолошка компанија вети дека ќе го ажурира софтверот, исполнувајќи го барањето на француските власти кои поставија рок од две недели да го решат проблемот, откако тестовите покажаа дека стапката на апсорпција (САР) на Ајфон 12 е малку над дозволеното.

Европската унија постави граница за САР, поврзан со изложеноста на мобилни телефони што може да го зголеми ризикот од некои форми на рак, покажуваат научните истражувања.

Епл ги оспори француските резултати, истакнувајќи дека телефонот е сертифициран од повеќе меѓународни тела, но неколку дена по француското предупредување рече дека ќе испрати ажуриран софтвер за да го прилагоди телефонот на методите за тестирање во Франција.

Ажурираниот софтвер пристигнал во вторникот, според извор од француското Министерство за дигитална наука, точно две недели откако државниот секретар за дигитална економија предупредил во интервју за Паризиен дека е подготвен да нареди повлекување на сите Ајфон 12 од продажба.

Француската објава предизвика незадоволство и во другите земји на ЕУ, вклучително и Белгија и Холандија, кои најавија анализа на можните здравствени ризици. Германскиот регулатор соопшти дека францускиот случај може да послужи како модел за Европа како целина.

Мобилните телефони зрачат бидејќи користат радиофреквентни бранови кои создаваат електромагнетно поле, кое не предизвикува промени во човечките клетки, за разлика од радиоактивните трагачи, објаснува Ројтерс.

Експертите во секторот ги оспоруваат безбедносните ризици, посочувајќи дека регулаторните граници на радијација, врз основа на ризикот од изгореници или топлотен удар, се значително пониски од нивоата што се штетни според научните докази.

Забранета продажба на Ајфон 12 во Франција, премногу зрачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот