Епл дава милион долари за оној кој ќе успее да хакира „Ајфон“ – Слободен печат
Технологија

Епл дава милион долари за оној кој ќе успее да хакира „Ајфон“

На „ловот на грешки“ може да се приклучи било кој, а освен за Ајфон, годинава се проширува и на оперативните системи на останатите уреди, вклучително Мек, часовниците Епл Воч и Епл ТВ.

Технолошкиот гигант Епл синоќа потврди дека планираат да дадат награда од еден милион долари на секој оној кој ќе успее да хакира „Ајфон“, било кој компјутер од МекБук, но и уште неколку нивни производи кои се популарни на пазарот.

Официјалната објава за „лов на грешки“ ја најави Иван Крстиќ од Загреб, триесет и три годишен шеф на оделението за безбедносен инженеринг.

Крстиќ кој е еден од најпознатите светски стручњаци за информатичка безбедност, пред два дена, на технолошката конференција во Лас Вегас, изјави дека Епл ќе ја зголеми наградата за сите истражувачи и хакери од досегашните 200 илјади долари, на милион долари ако пронајдат грешка во оперативниот систем на Ајфон.

На „ловот на грешки“ може да се приклучи било кој, а освен за Ајфон, годинава се проширува и на оперативните системи на останатите уреди, вклучително Мек, часовниците Епл Воч и Епл ТВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close