Епилог за спектакуларниот грабеж! Осудени членовите на „Пинк Пантер“ кои украдоа дијаманти од шеикот на Катар

Фото: Телеграф. ук.

Спектакуларната кражба на седум милиони евра вреден накит и дијаманти од колекцијата на катарскиот шеик Хамад бин Абдулах ал – Тани од венецијакнската палата на судот во Венеција доби делимичен епилог, а државајанинот на Србија, член на „Пинк Пантер“, Драган Младеновиќ кој е обвинет за овој грабеж доби неколкугодишна казна затвор.

Иако државниот обвинител за Винко Томиќ (60), кој се води како „мозок на бандата“ и неговата десна рака Драган Младеновиќ (55) барал по 3,5 години казна затвор, а за преостанатите тројца, инаку хрватски државјани, Ѕвонко Гргиќ (44), Владимир Џуркин (48) и Желимир Грбавец (49) спогодбено на нешто повеќе од две години робија, судот донел одлука Томиќ да биде осуден на пет години и четири месеци затвор, а Младеновиќ на шест години.

Истовремено судот донел одлука –да на Гргиќ, Џуркин и Грбавец им ја одбие спогодбата за признавање на кривицата, бидејќи ги сметал за неадекватни во односот на причинетата штета – пишува „Јутрањи.хр“.

Покрај затворската казна, Томиќ морал да плати казна од 800 евра, а Младеновиќ од 1000 евра. Покрај тоа, осигурителната куќа „Лојдс“ поднела имотно побарување и од обвинетите бара 7 милиони евра, сума која ја исплатиле на сопствениците на скапоцениот накит.

Инаку, по завршувањето на истрагата, Томиќ исто така размислувал и за спогодба со тужителството, па се шпекулираше дека би прифатил тригодишна казна затвор, но се предомислил и донел одлука да се брани со молчење, барајќи судење по „кратка постапка“.

Шестиот член на бандата, српскиот државјанин Горан Перовиќ (55), кој се наоѓа во Србија, се уште е недостапен за италијанското правосудство, а неговиот адвокат изјавил дека неговиот клиент не може да се смета за бегалец, бидејќи не постојат конкретни докази дека тој има сознание дека во Италија му е одреден притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот