Епидемиолошките податоци во Италија се стабилни, Ломбардија и Рим се под надзор

Епидемиолошките податоци низ цела Италија се стабилни, но во Ломбардија со над 70 проценти од вкупниот број нови случаи заразени со Ковид-19 и Рим со нови жаришта се под посебен надзор.

Според најновите дневни податоци за бројот на нови случаи, во Ломбардија, најтешко погодениот регион на Италија, се регистрирани 244 нови случаи, што е 72 отсто од вкупниот број нови случаи во Италија.

Во исто време, во Ломбардија се регистрирани околу 50 проценти од вкупно 44 смртни случаи од последиците на Ковид-19 во Италија.

Рим е исто така под надзор поради нови жаришта во болницата „Сан Рафаеле” и во зграда во стариот дел на градот.

По околу три месеци рестриктивни мерки, Италија излезе од блокадата во мај со постепено олеснување на мерките, а од денеска, меѓу другото, ќе започнат со работа кината и театрите, дозволени се концерти и летни кампови за деца.

Како што пишува „Кориере дела Сера”, од денеска не е задолжително физичкото растојание на летовите и дозволена е продажба на сите карти на летот, но употребата на маска е задолжителна.

Во Италија од почетокот на кризата како последица на коронавирусот починаа повеќе од 34.000 луѓе, со што стана четврта земја во светот по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Велика Британија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот