Епидемиолошките мерки во Словенија ќе бидат продолжени до 22 јануари

Љубљана, Словенија
Љубљана, Словенија / Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Поголемиот број постоечки епидемиолошки мерки, што се во сила речиси три месеци во Словенија, ќе бидат продолжени до 22 јануари, одлучи словенечката Влада.

Единствена поголема измена е продолжување на формалната состојба на епидемија во земјата за 60 дена.

Изменети се и правилата за лицата кои живеат во пограничната зона и имаат земјиште од двете страни на границата односно од  17 јануари тие кои ќе пристигнат во Словенија нема да мораат да бидат во карантин. Другите патници кои ќе ја поминат словенечката граница ќе мораат во карантин доколку не покажат негативен тест на Ковид-19.

Поголемиот број деловни објекти и понатаму остануваат затворени, со исклучок на објектите за хемиско чистење.

Во Словенија се уште се во сила и забраните за напуштање на општинските и регионалните граници, полицискиот час, а дружењето е ограничено на лица во рамките на едно домаќинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот