Епидемиолошката состојба во Швајцарија останува крајно напната, се заоструваат мерките за борба против пандемијата

Швајцарија денеска објави нова серија на мерки за контрола на епидемијата на Ковид-19, во момент кога властите стравуваат особено од брз пораст на новозаразени поради присуството на повеќе заразни варијанти на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Од понеделник, 18 јануари, работењето од дома ќе стане задолжително, продавниците што не продаваат производи за широка потрошувачка ќе мора да затворат, а приватните манифестаци и собири ќе бидат предмет на нови ограничувања, се вели во соопштението на федералната влада. Рестораните, културните установи, објектите за спорт и рекреација, кои веќе се затворени од 22 декември, ќе останат затворени до крајот на февруари. Ова е пет недели подолго од првично планираното.

Овие одлуки се оправдани во Федералниот совет, бидејќи „епидемиолошката состојба останува крајно напната: бројот на инфекции, хоспитализации и смртни случаи, како и товарот на здравствениот персонал остануваат многу високи”. Уште повеќе, новите многу заразни варијанти „го зголемуваат ризикот од нов бран, што ќе биде тешко да се контролира”, се вели во соопштението.

Во неколку земји каде што новите варијанти се шират брзо, бројот на случаи нагло се зголеми во последните неколку недели, забележуваат швајцарските власти. „Федералниот совет нема докази дека ситуацијата ќе се развива поинаку во Швајцарија. Според првичните проценки, новите варијанти се позаразни од 50 до 70 отсто “, се вели во соопштението.

Ако Швајцарија беше релативно поштедена од првиот бран на пандемија во пролетта, таа беше тешко погодена во вториот бран есенва, поради недостаток на соодветни мерки во текот на летото и се упте бори за да ја има контролата врз епидемијата. Стапката на позитивност останува многу висока, околу 16,4 отсто, а пандемијата убиваше во просек по 100 луѓе на ден со недели. Вкупно, епидемијата ги однесе животи на нешто помалку од 8.000 луѓе во земја со 8,6 милиони жители.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот