Епидемиолошката состојба во Црна Гора е крајно алармантна и сериозна

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Епидемиолошката состојба во Црна Гора е „крајно алармантна и сериозна”, изјави денеска епидемиологот на Институтот за јавно здравје Сања Меденица.

Таа за подгоричка „Побједа” рече дека сите сценарија се можни.

Според синоќешниот пресек, во Црна Гора починале 10 пациенти, а има повеќе од 500 новозаразени со коронавирусот.

– Мора да имаме предвид дека оваа состојба, која трае од март, ќе влијае на луѓето, без разлика дали се заразени или не. Не е лесно да се променат сите наши навики преку ноќ и сè она што до вчера го сметавме загарантирано и нормално, со цел да го зачуваме нашето здравје и здравјето на оние кои ни се важни, рече Меденица.

Таа рече дека заштитата е многу едноставна и оти само почитувањето на епидемиолошките мерки може да донесе подобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот