Епидемијата во Индија не стивнува: Рекорден број на новозаболени во еден ден

Главниот град Њу Делхи, каде што здравствениот систем е преоптоварен, забележа дополнителни 2.000 нови случаи на зараза.

Индија, која е четврта најпогодена земја во светот со пандемијата од Ковид-19, вчера објави најголем дневен пораст на бројот на случаи со коронавирус, вкупно 11.458 нови инфекции, со што вкупниот број заразени достигнува повеќе од 300.000, соопшти Федералното Министерство за здравство.

Бројот на потврдени случаи на инфекција во најпогодената федерална држава на запад, Махараштра, надмина 100.000, покажуваат податоците.

Главниот град Њу Делхи, каде што здравствениот систем е преоптоварен, забележа дополнителни 2.000 нови случаи на зараза.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени, стапката на закрепнување на пациентите се подобрува, при што повеќе од 147.000 луѓе се излечиле од ковид-19, соопшти во федералната влада.

Индија има 145.779 активни случаи и регистрирани се 8884 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот