Епидемија која може да го покори светот за 36 часа и да убие 80 милиони луѓе

Profimedia

Појава на болест слична на грипот е голема закана за цел свет, предупредува поранешниот шеф на Светската здравствена организација.

Болеста која се шири на сличен начин како грипот во случај на избивање на епидемија би можела да го заобиколи светот за само 36 часа и да убие преку 80 милиони луѓе, е алармантното предупредување од извештајот на поранешната шефица на СЗО, д-р Гро Харлем Брундтланд.

„Постои реална закана од брзодвижечката високо смртоносна пандемија на респираторниот патоген, која би можела да убие меѓу 50 и 80 милиони луѓе.“

Таа е на чело на тимот научници кои подготвиле извештај со кој сакаат да ги поттикнат светските лидери на заштита на населението и преземање акции за да се спречи слично сценарио.

Пред еден век шпанскиот грип инфицирал една третина од светската популација и убил 50 милиони луѓе, а научниците стравуваат дека слично би можело да се случи и во иднина, пишува Дејли мејл.

Предупредуваат дека следната пандемија би можела да има уште полоши ефекти, а заканата тоа да се случи е реална, пишува во извештајот под наслов „Светот под ризик“.

„Патогенот кој брзо се движи има потенцијал да убие десетици милиони луѓе, да ја уништи економијата и да ја дестабилизира националната безбедност“, напишале, заедно со бројните препораки за воведување практики на заштита и ограничување на потенцијалната епидемија.

Ја поставиле и картата со локации за избивање на новите инфекции кои имаат потенцијал да предизвикаат епидемија, а поделени се на оние кои се јавуваат за првпат и оние што се повторуваат, а освен еболата, зиката и вирусот напах, се прикажуваат и пет различни облици на грип, болеста на Западниот Нил, жолтата грозница, грозницата денга, антибиотската резистентност…

svijet pod epidemijom | Author: NIAID
NIAID

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот