Епидемија на британскиот сој во Окленд во Нов Зеланд

epa08983146 New Zealand Prime Minister Jacinda Ardern speaks to the press outside Kawiti Glow Worm Caves, near Paihia, New Zealand, 03 February 2021. EPA-EFE/BEN MCKAY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Во Окленд во Нов Зеланд од денес почнува кус тридневен карантин, по одлука на премиерката Џасинда Ардерн, откако генетското тестирање на заразените покажа дека во заедницата им три случаи на британскиот сој на коронавирусот, пишува Гардијан. 

Тие случаи се мајка, татко и ќерка од семејство од Окленд, што значи дека 1,6 милиони жители ќе имаат забрана за непотребни движења, до полнош во среда, како дел од рестрикциите од нево на тревога три.

Ова е втор построг Карантинот кој во Окленд е воведен по минатогодишниот строг 51 дневен карантин, кој беше преземен на национално ниво за да се спречи ширењето на вирусот. 

Остатокот од Нов Зеланд  е ставен на ниво на тревога два, што значи социјлна дистанца, забрана за собири и зголемено носење на маски.

Сè уште не е се знае дали карантинот ќе биде продолжен после полноѓ во среда, додека здравствените работници работат на обезбедување податоци ширењето на вирусот.

Министерството за здравство соопшти дека новите случаи на Ковид 19 не се регистрирани во заедницата, иако има уште пет во управувана изолација, со што бројот на активни случаи во земјата е 47.

Ардерн рече дека геномското секвенционирање покажало дека вирусот е еден од малку поинфективните соеви, и дека затоа се однесуваат внимателно. Новите случаи не се поврзани со оние кои веќе се во изолација.

Таа рече дека здравствените власти сè уште се обидуваат да го откријат изворот на инфекцијата. Првата пратка на вакцините веќе стигна во Нов Зеланд, и по проверките за квалитет во сабота треба да почнат со вакцинирање на работниците на граничните премини. 

„Ова ќе биде најголемата целосна кампања за вакцинација во историјата на оваа земја“, рече таа.

Д-р Ешли Блумфилд, министер за здравство рече дека истрагите за изворот на инфекцијата на британскиот сој се фокусираат на мајката и ќерката, бидејќи тестовите за серологија покажале дека инфекцијата на таткото е од претходно.

Заболената жена работела во делот на услуги за сервисирање на авиокомпаниите на аеродромот во Окленд и се разгледува можноста дали се заразила од некои од патниците што транзитираат, или пак од колегите од авионската екипа. Седумод девет соработници на мајката се со негативни резултати на тестот.  Од досега вкупно идентификуваните контаксти на семејството сите се негативни.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот