ЕП: Во Катар не треба да се игра Мундијалот, оти е земја каде се прекршуваат основните човекови права

2022/фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за состојбата со човековите права во Катар, во која се оценува дека изборот на земјата да биде домаќин на Светското првенство е проследен со веродостојни обвинувања за корупција и мито и бара радикална реформа на ФИФА.

Во резолуцијата, Парламентот изрази длабоко жалење за смртта на илјадници печалбари во Катар, главно градежни работници кои градеа објекти за Светското првенство, како и за сите повредени.

Исто така, се оценува дека „меѓународните спортски настани, со цел да се заштитат спортистите и навивачите и да се запре злоупотребата на спортот за подобрување на угледот, не треба да се доделуваат на земји каде што се прекршени основните човекови права и каде преовладува родово насилство”.

Со оценката дека во ФИФА има „системска и длабоко вкоренета” корупција, пратениците од Европскиот парламент изразија жалење што доделувањето на организацијата на Светското првенство на Катар во 2010 година не било транспарентно и немало проценка на можни штетни последици.

Се нагласува дека ФИФА сериозно го нарушила угледот и интегритетот на светскиот фудбал, соопшти Европскиот парламент.

Во резолуцијата, Европскиот парламент ги повика членките на ЕУ, особено оние со големи национални фудбалски лиги, како Германија, Франција, Италија и Шпанија, да извршат притисок врз Европската фудбалска федерација УЕФА и ФИФА за радикална реформа на ФИФА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот