ЕП усвои Резолуција за права на децата: Ќе се активира борбата против експлоатација и сексуална злоупотреба на деца

Фото: МИА

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која повикува на борба против експлоатација, принудните бракови и сексуална злоупотреба на деца.

Европратениците повикаа и на акција во борба против дискриминација и трговија со деца, истакнувајќи го клучниот придонес на децата во борбата со климатските промени во светот.

Резолуцијата е донесена по повод одбележувањето на 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Европратениците го осудија секој вид на насилство и апелираа до сите земји-членки на ЕУ да работат на нови стратегии за искоренување на сексуалното насилство и злоупотребата на децата преку интернет и надвор од него.

ЕП побара од земјите-членки на ЕУ да ги поддржат законите со кои се осудуваат телесните казни за децата.

Европратениците исто така се заложија за решавање на проблемите со кои се соочуваат децата родени без државјанство, како и борбата против дискриминација на децата со инвалидитет, мигрантско потекло, но и децата чии родители се припадници на ЛГБТ заедницата, родители кои се во затвор или припаѓаат на група така наречени „странски борци”.

Со Резолуцијата се повикува сите членки на ЕУ да им гарантираат на децата право на инклузивно образование и едукација за половите и сексуалноста во согласност со годините.

ЕП со Резолуцијата упати апел до сите земји да ја ратификуваат Конвенцијата за правата на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот