ЕП У18: И кошаркарките редат порази, овој пат загубија од Естонија

фото: fiba.basketball

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација го доживеа и петтиот пораз на Европското првенство Б-дивизија, овој пат загуби од Естонија со 66:57.

Првата четвртина помина во израмнета игра на двете репрезентации (17:17), но во втората четвртина, Естонките го искористија падот во играта на нашите кошаркарки и на одмор заминаа со двоцифрена предност 34:24.

Во второто полувреме, Естонките рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 66:57. По денешниот пораз на нашите кошаркарки им преостанува битката за избегнување на дното на табелата.

Со 21 поен и 6 скока прво име во редовите на Македонија беше Мартина Маркоска. Неа ја следеа Михаела Алексоска со 12 поени и 8 скока, односно Марија Николов со 12 поени и 4 скока.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот