ЕП со повик до сите земји членки на ЕУ за ратификација на Истанбулската конвенција

Европски парламент/ Фото: МИА

Европскиот парламент следната недела ќе ги повика сите земји членки на Европска унија да ја ратификуваат Истанбулската конвенција, соопшти денеска ЕП.

Европарламентарците в понеделник ќе дебатираат за Истанбулската конвенција, а на 28 ноември ќе гласаат за резолуција, со која ќе повикаат на итно ратификување на документот, како и за имплементација на сите неопходни законски и политички мерки за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата.

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството над жените и домашното насилство позната како Истанбулска конвенција, предвидува мерки за поддршка на жртвите и казни за сторителите.

ЕУ ја потпиша Истанбулската конвенција на 13 јуни 2017 година, а седум земји-членки се уште не ја ратификувале – Бугарија, Велика Британија, Литванија, Летонија, Словачка, Унгарија и Чешка.

В понеделник ќе биде одбележан Меѓународниот ден за спречување на насилството врз жените, а по тој повод зградата на ЕП во Стразбур ќе биде осветлена во портокалово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот