ЕП: Словенија си закажа нова пресметка со Русите!

cev.eu

Претходно веќе објавивме дека Холанѓаните во Апелдорн беа елиминирани од Германците, а настапот го заврши и Белгија која важеше за еден од кандидатите за освојување на медал, но нивната желба барем на овој континентален собир нема да им се оствари.

Украина која летово учествуваше на традиционалниот турнир „Чајка“ приреди изненадување славејќи во пет сета (3:2) со 25:22, 21:25, 14:25, 25:18 и 15:10. Во победничките редови доминираа Дмитро Вијетски со 23 и Јан Јерешченко со 20 поени, а на спротивната страна 19 поени беа дело на Бран ван ден Дрис.

Финска која беше во нашата група во Нант не освои ниту сет против Франција. „Триколорите“ последни ќе го дознаат својот ривал во четвртфиналето, в недела од 17.00 часот кога силите ќе ги одмерат Италија и Турција.

Познати се уште две четвртфинални двојки, Полска која исто така важи за еден од фаворитите за највисок пласман со 3:0 ја совлада Шпанија и си закажа дуел со Германија.

Како што од претходно знаеме, во Љубљана Русија во групата „Ц“ максимално со 3:0 беше подобра од Словенија, но само пет дена подоцна повторно ќе се соочат овие две селекции овојпат во борбата за пласман во полуфиналето.

Одбојка
Европско првенство 2019

Четвртфинале, двојки –

23 септември Русија-Словенија
23 септември Полска-Германија

24 септември Франција-Италија/Турција
24 септември Србија-Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот