ЕП: Русија е главниот дезинформатор кој ги нарушува темелите на европската демократија

Европски парламент/ Фото: МИА

Европските пратеници предупредуваат дека главен извор на дезинформации во Европа претставуваат пропагандните кампањи на Русија, но и на Кина, Иран и Северна Кореја, објави „Б92“.

Европскиот парламент (ЕП) најостро ги осуди сите агресивни акции на претходно споменатите земји, „кои имаат тенденција да ги нарушат темелите и принципите на европската демократија, како и суверенитетот на сите земји од Источното партнерство“.

Имајќи ги во предвид последните настојувања на ЕУ да се спротистави на непријателската пропаганда на „третите страни“, пратениците ги повикуваат членките да рагледаат развој на силна правна рамка на ниво на Унијата и на меѓународно ниво за борба против тие закани.

Во резолуцијата, која ја усвоија 489 пратеници, ЕП сака да ја подигне свеста за руските пропагандни кампањи, бидејќи тоа е, според нив е „главниот извор на дезинформации во Европа“.

Државите-членки на ЕУ се повикани да направат измени во изборните закони, со што би им се овозможило поактивно да се спротистават од заканите кои доаѓаат од ширењето на дезинформации, сајбернапади и кршења на слободите на изразување за време на гласање.

Пратениците остро го осудуваат вмешувањето на третите страни во изборите и референдумите, а ЕУ би требало да ги поддржи и земјите од Западен Балкан да ги осигуираат своите избори процеси од пропагандни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот