ЕП: Невиден спектакл во градот каде што ќе дебитира Македонија! (ВИДЕО)

фото: cev.eu

Во меѓувреме најдобрите македонски одбојкари се наоѓаат во завршната фаза од подготовките пред настапот на дебитантското Европско првенство 2019.

Освен тренинзите, формата започна да се темпира и преку контролните средби, после Романија, следуваат тестови со Шведска во Скопје.

Да потсетиме, континенталниот собир годинава ќе се одржи во четири земји (13-29 септември), а нашите одбојкари предводени од Матијашевиќ ќе играат во Љубљана.

Се наоѓаат „црвено-жолтите“ во групата Ц со Финска, Русија, Словенија, Турција и Финска. Првиот дуел го имаат на 12 септември против Финците од 17.30 часот. Првопласираните четири селекции одат во осминафиналето.

Во Љубљана беше одржан еден невиден одбојкарски спектакл, тамошната федерација дојде до одлична идеја како да ги привлече фановите со еден извонреден настан. Вообичаено гледаме одбојка на паркет, на плажа, а еве сега и на вода…

На реката Љубљаница настапуваа поранешни европски ѕвезди, како амбасадори на ЕП. Резултатот секако не беше во прв план, важно е со атрактивни потези да се одушеви публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот