ЕП: Македонските кошаркари тесно поразени од Шпанија – Слободен печат
КошаркаСпорт

ЕП: Македонските кошаркари тесно поразени од Шпанија

На Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Удине (Италија) македонските надежи загубија на стартот од Шпанија (57:61).

Шпанија константно беше во водство, ги освојуваше првите три четвртини (12:19, 14:17, 12:14) за позитива од 12 разлика.

Во последните 10 минути успеаја избраниците на селекторот Денис Дервешиќ беа подобри (19:11) се обидоа со сите сили да ја анулираат негативата, се приближија на само „минус еден (56:57), но не успеаја и да направат целосен пресврт.

Прв стрелец во нашите редови беше Андреј Митревски со 18 поени, „двоцифрен“ беше уште Теодор Симиќ со 11 поени (девет скокови). На спротивната страна како најефикасен се истакна Ињаки Ордонез Очоа со 13 поени, следен од Овен Акињо Силва Брито со 10 поени (шест скокови).

Наредниот меч ќе го имаме в сабота против Израел (14.15 часот), а в недела противник е селекцијата на Летонија (18.45 часот). Трите најлошо пласирани репрезентации на ЕП идното лето ќе настапуваат во Дивизија „Б“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close