ЕП: Карачиќ ја одведе Хрватска, но и Шпанија во полуфиналето! (ВИДЕО)

фото: ehf-euro.com/Uros Hocevar/kolektiffimages

Со комплетирањето на второто коло од групата 1 во Виена на Европското ракометно првенство познати се првите полуфиналисти, тие се репрезентациите на Хрватска и Шпанија.

Во дербито одиграни во Виена избраниците на селекторот Червар во еден крајно драматичен натпревари ја совладаа Германија со 25:24, иако после првото полувреме имаа негатива од 11:14.

И во вториот дел контрола имаа играчите на Прокоп, но нивната позитива се топеше, а комплетен пресврт направи поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ.

Германците во својот последен напад имаше шанса за реми, но ударот на Колбахер успеа да го одбрани Шего.

На овој резултат се радуваше и шпанската селекција која претходно со 30:26 беше подобра од Австрија, но триумф кој сеуште не ѝ гарантираше полуфинале, но сега со победана на „коцкастите“, таа цел е реализирана.

Токму Карачиќ беше прв стрелец со седум погодоци, два помалку запиша Д. Дувњак, а за Германците по четири погодоци имаа Кастенинг, Вебер, Рајхман и Генсхајмер.

Сега во оваа група останува во последното трето коло да се реши и дилемата кој ќе го освои првото место, во директна битка силите ќе ги одмерат досега непоразените на ЕП, Хрватска и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот