ЕП: Кадетите во група со Шпанија и Италија

фото: ФИБА

Генералниот секретар Владимир Георгиевски, координаторот за млади категории во нашата федерација, Мирко Ивановски и координаторот за организација на настани, Јане Петковски, беа на „лице место“, од 11. часот, каде и го дознаат конечниот епилог.

Посебно интересен беше развојот на ситуацијата ќе биде Европското првенство за кошаркари „Под 16“ години, чии домаќини сме во периодот од 14. до 22 август наредното лето.

Ждрепката посака нашата кадетска репрезентација да игра во групата „Д“, и тоа во една неверојатна силна конкуренција, ако се земе в предвид дека сме во група со селекциите на Шпанија, Италија и Израел.

Како втор носител, нашата репрезентација на играчи „Под 18“ години, „влезе“ во групата „Д“ од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ќе се игра во Орадеа. Наши противници на овој шампионат во Романија се репрезентациите на: Летонија, Данска, Белорусија, Шведка и Косово.

Како последна, беше „извлечена“ нашата селекција на играчи „Под 20“ години. Нашиот младински тим ќе игра на ЕП од Дивизијата „Б“, она кое од 10. До 19. Јули ќе се одржи во Тбилиси. Дел сме од групата „Ц“ во која е и домаќинот на турнирот – Грузија, плус и селекциите на Русија, Естонија и Норвешка.

А покрај машката кадетска репрезентација која е единствена која се натпреварува во „А“ дивизија, КФСМ пријави уште неколку младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните рангови – дивизии, уште две во машка и исто толку во женска младинска конкуренција.

Женската кадетска селекција, онаа „Под 16“ години ќе игра во Сараево. А во периодот од 17. до 26. Јули 2020 година, кога се игра ова првенство од Дивизијата „Б“ ќе биде од од групата „Ц“ во која се уште и селекциите на Полска, Романија, Ирска, Словачка и Косово.

Женското јуниорско Европско првенство од дивизија „Б“ ќе се одигра од 3. до 12. Јули. Интересно, во три града во Австрија – Оберварт, Гусинг и Фурстенфелд. Таму ќе биде и нашата јуниорска селекција. Како дел од групата „Д“ во која уште ќе се натпреваруваат и нивните врснички од Хрватска, Шведска, Естонија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот