ЕП ја забрзува постапката: До лето се можни дигиталните „ковид пасоши“

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" and a syringe on an European passport.,Image: 595165088, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

Мнозинството европратеници вчера изразија поддршка за брзо воспоставување на дигиталниот зелен сертификат, што за цел го има олеснувањето на слободно и безбедно движење во Европската унија за време на пандемијата.

Европратениците одлучија да го забрзаат процесот на одобрување на зелени дигитални сертификати, за да може да бидат прифатени до летово, што ќе овозможи безбедно и слободно движење за време на пандемијата, соопшти ЕП.

Со 468 гласа „за”, 203 „против” и 16 воздржани, пратениците вчера гласаа за итната постапка што овозможува побрзо парламентарно испитување на предлогот на Европската комисија, притоа целосно почитувајќи ги демократските овластувања.

На пленарната расправа во средата, мнозинството пратеници изразија поддршка за брзото воспоставување на дигитален зелен сертификат. Неколку говорници ја истакнаа потребата да се обезбеди силна заштита на личните и здравствените податоци и предупредија дека не треба да има дискриминација кон луѓето кои не биле вакцинирани, наведува ЕП.

Европската комисија на 17 март презентираше предлог-регулатива за дигиталниот зелен сертификат за олеснување на слободното движење во ЕУ и придружен предлог за државјаните на трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

Следната пленарна сесија, што ќе се одржи од 26 до 29 април, ќе ја прифати позицијата на ЕП за преговори со Советот на ЕУ, што може да вклучува измени и дополнувања на предлогот на ЕК. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот