ЕП: Исланд ја победи Црна Гора и сега ќе „навива“ за Данска

Исланѓанките убедливо со 10 гола разлика ја совладаа Црна Гора/Будимпешта, Унгарија/26 јануари/Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Денеска во Будимпешта репрезентацијата на Исланд убедливо со 34:24 славеше над Црна Гора и остана во игра за едно од местата кои водат во полуфиналето на Европското првенство.

Во текот на сите 60 минути водеа Исланѓаните, почетната предност од 3:0 беше само најава дека играчите на селекторот Гудмундсон одат на триумф.

Пред паузата за првпат стекнаа позитива од „плус 10“ (17:7), а уште неколкупати имаа двоцифрена разлика во второто полувреме (32:22, 33:23).

Омар Инги Магнусон беше најефикасен во победата со 11 голови, а истиот учинок на спротивната страна го имаше и Милош Вујовиќ.

На табелата во групата „1“ од главната фаза води Данска со осум бодови која веќе го обезбеди настапот во полуфиналето на ЕП, следува Франција со шест, колку што има и Исланд. На исландските репрезентативци во корист оди само триумф на Данците против Франција, дуел кој е закажан од 20.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот