ЕП: Го имаме првиот финалист, Франција пресилна за Хрватска!

Фото: EPA-EFE/HENNING BAGGER

Женската хрватска репрезентација го игра најдоброто Европско првенство во нејзината историја, како најголемо изненадување во Хернинг, Данска.

Но, денеска немаа сили за нова сензација откако во првиот полуфинален натпревар загуби убедливо од актуелниот европски шампион Франција со резултат 30:19. За Французинките ова ќе биде второ финале (по ред) на шампионатите и шанса да го одбранат нивното злато освоено пред две години.

Во победничките редови по четири голови имаа Деуна Заади, Ниакате, Минко Нзе и Лакрабер, а на спротивната страна по три погодоци запишаа Крсник, Јежиќ и Блажевиќ.

„Коцкестите“ ќе имаат уште една шанса нивната убава „бајка“ на континенталниот собир да ја закитат со медал, односно во мечот за бронзата в недела.

Вториот финалист ќе го дознаеме вечерва, од 20.30 часот во скандинавската пресметка се соочуваат Норвешка и Данска. Претходно во борбата за петтото место Русија ја совлада Холандија (33:27).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот