ЕП Дивизија „А“: Македонските кадети остануваат во елитата по триумфот над Данска

фото: kfsm.mk

Во мечот од типот „да се биде или не“ денеска македонската кадетска репрезентација беше многу подобра славејќи против Данска (83:64). Во последните два натпреварувачки дена ќе се бориме за пласман од 9. до 12. место на Европското првенство од оваа возрасна конкуренција.

Во натпреварот кој одлучуваше директен пласман во групата на репрезентации кои обезбедуваат опстанок во друштвото на најдобрите селекции во „Под 16“ конкуренцијата, нашите кадетски репрезентативци го одиграа и најдобриот натпревар на шампионатот во Скопје.

Сосема добро го почна натпреварот нашата кадетска селекција, уште во воведните моменти е виде желбата кај момците кои ги предводи Андреј Апостолски Лечиќ голема желба за победа која носи опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа. На крајот на првиот период имавме водство од шест поени (22:16).

На почетокот на втората четвртина дојдовме и до двоцифрена предност (29:19), но им дозволивме на Данците серија од седум неодговорени поени од нашата страна, за нивно приближување, (26:29) кога се играше 14 минута. Следните шест минути беа и најдобрите за нашата репрезентација „Под 16“ на овој шампионат. Предноста од три поени до полувремето ја направивме да биде голема, па слободно може да се каже и огромна ако се земат в предвид случувањата на теренот. По 20 минути игра, Македонија водеше со (49:34).

Токму кога беше најпотребно, нашите млади кошаркари продолжија да играат доста зрело, и паметно. Кога веќе стигнаа до убедливата позитува, не оставија ништо на случајноста. И по 15 минути предвиени за одмор, продолжија без големи осцилации во играта. До крајот на третиот дел, не само што го оддржаа високото водство, туку го направија и повисоко. По 30 минути имавме (63:45) и до крајот само рутински се одработи задачата.

Најефикасен во нашите редови беше Јаничиќ со 20 поени (пет асистенции), следен од Зетов со 15 поени и четири украдени топки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот