ЕП 2020: Обложувалниците не им веруваат на ракометарите! (ФОТО)

Фото: РФМ

Во текот на вчерашниот ден во Виена се одржа извлекувањето каде што Македонија се најде во групата Б.

Според првите прогнози нашата селекција се најде во добра група, противници со кои може да се игра и шансите ќе постојат за пласман во следната фаза.

Принтскрин/williamhill.com

Има уште многу време до почетокот на континенталниот собир, но светските обложувалници веќе го најавуваат победникот на ЕУРО. Според „Вилијам Хил“ најголеми шанси за титулата има Данска, второпласирана би требало да биде Франција, а трета Шведска.

Како што е веќе познато 12 селекции, треба да се најдат во главната фаза, но таму не ја гледаат и македонската репрезентација која според „Вилијам Хил“ е рангирана на 13 место.

Распоред на натпревари:

10.01.2020 Македонија – Украина
12.01.2020 Чешка – Македонија
14.01.2020 Австрија – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот