ЕП 2020: Досегашните пресметки против Украина, Чешка и Австрија! (ВИДЕО)

фото: рфм

Најмногу меѓусебни натпревари Македонија имаше досега против Чесите со биланс со биланс од четири победи, пет порази и две нерешени.

В четврток официјално почнува 14. по ред Европско ракометно првенство (9-26 јануари) во машка сениорска конкуренција, а за македонската репрезентација ќе стартува в петок.

Избранивите на селекторот Данило Брестовац натпреварите од прелиминарната групна фаза, поточно групата „Б“ ќе ги игра во Виена против селекциите на Австрија, Украина и Чешка.

Распоред на натпревари:

10.01.2019 Македонија – Украина 20.30 часот
12.01.2019 Чешка – Македонија 16.00 часот
14.01.2019 Австрија – Македонија 18.15 часот

Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе игра во главната групна фаза.

Против прв наш ривал Украина првпат ќе играме на големите натпреварувања, а досега во квалификациите сме сретнале вкупно четирипати.

Најмногу меѓусебни натпревари Македонија имаше досега против Чесите со биланс со биланс од четири победи, пет порази и две нерешени.

СП квалификации 1997
Македонија-Украина 13:13
Украина-Македонија 25:19

ЕП квалификации 2018
Македонија-Украина 27:21
Украина-Македонија 27:27

Квалификации за ЕП 1998
Чешка-Македонија 33:16
Македонија-Чешка 27:27

ЕП 2012
Македонија-Чешка 27:21

Бараж за СП 2013
Македонија-Австрија 26:21
Австрија-Македонија 30:27

ЕП 2014
Македонија-Чешка 24:24
Македонија-Австрија 22:21

СП 2015
Македонија-Австрија 36:31

Квалификации за ЕП 2016
Македонија-Чешка 32:28
Чешка-Македонија 27:27

Бараж за СП 2017
Македонија-Чешка 34:27
Чешка-Македонија 28:22

Квалификации за ЕП 2018
Македонија-Чешка 33:20
Чешка-Македонија 35:28

ЕП 2018
Македонија-Чешка 24:25

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот