Ентрериос е новиот тренер на Кире Лазаров во Нант

Алберто Ентрериос е новиот тренер на Нант за кого настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров. Досегашниот тренер Тиери Анти си замина од францускиот прволигаш откако не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Иако во игра беа неколку познати имиња, изборот на челниците на Нант падна нов предводник на тимот да биде токму Ентрериос кој во последните три години му беше помошник на Анти.

Алберто Ентрериос во Нант пристигна како ракометар уште во 2012 година и играше се до пензионирањето во 2016 година. Потоа веднаш доби ангажман, да му биде помошник на Анти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот