Енрике потврди: Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Tренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике ја потврди неговата одлука да го исфрли Усман Дембеле за натпреварот од Лигата на шампионите.

Во најелитното европско натпреварување, ПСЖ утре ќе игра против Арсенал, а Дембеле ќе биде надвор од тимот поради дисциплинска мерка од Енрике.

„Не би сакал да правам некаква сага од сето ова. Имаше проблем со почитувањето на обврските кон тимот. Јас го сакам најдоброто за тимот и затоа го изоставив. Немало никаква поголема расправија. Кога некој не ги почитува тимските обврски значи дека не е подготвен за натпреварот кој следи“, изјави Енрике.

Дембеле од почетокот на сезоната настапи на сите шест натпревари во Лига 1 и во нив постигна четири гола и подели четири асистенции. Асистенција Дембеле запиша и во натпреварот против Рен во петокот кој неговиот тим го доби со 3:1.

За ПСЖ добра вест е што Витиња се враќа во составот по повредата и би можел да настапи во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот