Енрике донесе тешка одлука, Шпанија без Рамос на ЕП!

epa08699960 Real Madrid's defender Sergio Ramos celebrates after scoring the 2-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Real Betis and Real Madrid held at Benito Villamarin Stadium in Seville, Spain, 26 September 2020. EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Серхио Рамос нема да игра за шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули.

Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике донесе одлука во списокот од 24 играчи да не биде еден од најискусните дефанзивци и воедно член на Реал Мадрид.

Одбранбениот фудбалер годинава имаше доста проблеми со повреди, а се очекуваше уште еднаш да биде лидер на Шпанија на големите натпреварувања.

Ова е прво натпреварување од 2004 година во кое Шпанија ќе игра без Рамос кој имаше голем придонес во двете европски титули во 2008 и 2012 година, а во 2010 година во Јужна Африка го славеше и светскиот трофеј.

Составот на Шпанија за ЕВРО 2020: Симон, Де Геа, Санчез, Гаја, Алба, Пау Торес, Лапорт, Гарсија, Љоренте, Азпиликуета, М. Љоренте, Бускетс, Родри, Педри, Тијаго, Коке, Фабиан, Дани Олмо, Ојарзабал, Жерар, Мората, Ф. Торес, Адама, Сарабија.

Шпанците на ЕП ќе играат во групата „Е“ против селекциите на Полска, Словачка и Шведска.

Видео на денот