ЕНРИКЕ ДОБИ БРАТ: Хулио Иглесијас официјално има девет деца

енрике иглесијас

Шпанскиот суд донесе пресуда во која се утврдува дека 43-годишниот Хавиер Санчез Санто е биолошки син на пејачот Хулио Иглесијас, односно полубрат на Енрике.

Цели 30 години Хулио одбивал ДНК-тестирање за утврдување на татковството. Хавиер е роден 1976 година, а мајка му е португалската танчерка Марија Едита Сантос. Пејачот има право на жалба по оваа пресуда.

Хулио има три деца од бракот со Изабел Прејслер, која е мајка на популарниот Енрике, а со сегашната сопруга Миранда има пет деца. Со ова, Хавиер е негово најстаро биолошко дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот