Енис Барди на „радарот“ на Реал Сосиедад

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Непосредно пред крајот на 2019 година се појави шпекулација дека македонскиот репрезентативец се поврзува со клубот кој што импресионира во досегашниот дел од сезоната во шпанската „Ла Лига“.

Реал Сосиедад после 18 одиграни кола во најсилното шпанско фудбалско првенство моментно се наоѓа на петтото место со 31 бод, осум помалку зад водечката Барселона.

Како што велат извори блиску до шпанскиот „АС“, екипата предводена од тренерот Иманол Алгуасил покажува интерес за Енис Барди.

Нашиот репрезентативец кој ја игра третата сезона во Леванте, сезонава има два голови, а еден реализираше во гостинскиот триумф над Реал Сосиедад. Голот можете да го погледнете ТУКА

Тој има договор со Леванте до 30 јуни 2022 година. Моментно неговиот клуб во шпанскиот шампионат се наоѓа на деветтата позиција со 26 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот