„Енфилд“ е неосвоива тврдина, Ливерпул повеќе од 1.000 денови е без пораз на домашен терен

„Црвените“ имаат неверојатна серија без пораз на домашен терен, но сè уште се далеку од рекордот на Челси.

Ливерпул во најголемото англиско дерби го совлада Манчестер јунајтед со 2:0 и направи дури 16 бодови предност на табелата. „Црвените“ по 22 натпревари во Премиер лигата имаат дури 21 победа и само едно реми, со што секој ден сè се поблиску до титулата која ја чекаат 30 години.

Триумфот над Манчестер јунајтед беше 52. натпревар без пораз за Ливерпул пред своите гледачи. Ливерпул вкупно 1.001 ден не е поразен на „Енфилд“, односно од април 2017 година кога загуби со 1:2 од Кристал Палас.

Сепак, рекордот на непобедливост на домашен терен го држи екипата на Челси кога прв пат на клупата седеше Жозе Мурињо.

Челси од февруари 2004 година па се октомври 2008 година немаше пораз на „Стемфорд бриџ“. Фудбалерите на Челси во тој период направија неверојатна серија од дури 86 натпревари на домашен терен без пораз.

Доколку фудбалерите на Јирген Клоп сакаат да го надминат рекордот, тие не смеат да загубат на натпревар од Премиер лигата на домашен терен дури до ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот